дома Свет Saxo Bank: Светската економија иде накај новa 2008, само прашање е што...

Saxo Bank: Светската економија иде накај новa 2008, само прашање е што ќе биде „окинувачот“

499
0
АКЦИЈА

Нејзините експерти тврдат оти кризната лавина може да се пресврти „во било кој момент“

Главни кандидати за „окинувачот“ се – кинескиот стамбен пазар, трговската војна на Пекинг и Вашингтон и состојбата во еврозоната која енормно зависи од извозот, а куповната моќ на светските пазари се намалува.
Глобалната економија покажува знаци на успорување – преупредија експертите на Saxo Bank.

И при тоа веднаш предупредија: „Ова е сеуште оптимистичен сценарио. Можно е работите да стојат полошо. Периодот на опоравувањето од кризата од 2008-ма се заврши и може да уследи нов удар кој ќе ја повтори 2008-ма“.

Saxo Bank признава оти не знае што ќе ја придвижи новата светска лавина, но напомнува оти тоа може да се случи „во било кој момент“. Поготово ако дојде до трговинска војна помеѓу САД и Кина.

Saxo Bank додатно укажува: „Се наведува на заклучок оти глобалниот економски раст е на својот врв и оти понатаму не може да се оди на пониско“.

И предочува: „При крајот на 2017-та почнала да делува концепција на синхроно глобално стимулирање на растот. Помина целиот квартал, а никаков синхронизиран глобален економски раст нема. Тоа се гледа по економиите на Кина, САД и ЕУ. Во Кина почна успорување уште на почетокот на 2017-та“.

Експертот на Saxo Bank Кристофер Дембик смета оти тоа е дирктно поврзано со политиката на Пекинг да ја смали масата на кредитните пари во оптек и напомнува – иако со тој процес раководи проверениот професионалец Ван Цишан – оти тоа може да доведе до дестабилизација во Кина.

По неговите прерачунки, кинескиот пазар на станови со три четвртини зависи од кредитите под контрола на државата, а тоа значи оти тешко ќе дојде до намалување на цената на становите без урушавање на тој пазар.

Saxo Bank проценува дека се мали изгледите дека даночната реформа на Доналд Трамп ќе доведе до економско издигање на САД затоа што од почетокот на годината трае падот во трговијата на мало и во куповината на трајните потрошни добра.

Најнепријатното изненадување е сепак – тврдат во Saxo Bank – Еврозоната која и понатаму во голема мера зависи од извозот, а побарувањата на светските пазари се намалува.

Saxo Bank посебно предупредува дека растат „геополитичките ризици“ и дека се веќе на највисока точка по 2003-та.

Дембик и неговите соработници не веруваат дека кинескиот лидер Си Џинпинг и Доналд Трамп ќе тргнат во права трговска војна, но наведуваат оти Кинезите можат во фабриките GM или Boeing на своја територија да организираат „изненадни проверки“, па дури и да го запрат производсвото на некоја недела, а тоа – сметаат – би можело да биде доволно кулата од карти на глобалната економија да почне да се руши…

Saxo Bank заклучува: нешто ќе се случи – само прашање е што ќе биде „окинувачот“.

Банката Goldman Sachs проценува оти развиените земји во 2018-та ќе имаат 2,4 одсто економски раст, а дека тој во 2019-та ќе се смали на 2 одсто.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here